Руска актерка ќе снима филм во вселената

- Advertisement -

На Меѓународната вселенска станица се е подготвено за доаѓањето на руската филмска екипа, која ќе го снима филмот Сhallenge. Космонаутот Антон Шкаплеров на 5 октомври со леталото Soyuz во вселената ќе ја однесе руската актерика Јулија Переслид и режисерот Климо Шипенко, кои на станицата ќе снимаат сцени за идниот филм наречен Challenge, кој се снима во продукција на руската вселенска агенција Roscosmos, руски Channel One и московското филмско студио Yellow, Black and White.

Троцата патници успешно ги поминале последните тестови во центарот за обуки на космонаути Јури Гагарин во близина на Москва, додека космонатутот Олег Новицки, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, успешно го премести своето летало Soyuz MS-18 од докот Расвет на докот Наук за да може да ја прими „филмската мисија“.

- Advertisement -

Ако се помине во ред, Шипенко и Пересид ќе поминат десетина дена на Меѓународната вселенска станица, снимајќи сцени за филмот Challenge, додека Шкаплеров ќе остане таму до идната пролет.

Руски Channel прави документарен филм за снимањето на филмот Challenge, а првата епизоа покажува како е направена селекција на од режисерите и актерите за овој проект.

- Advertisement -

Шипенко и Пересид нема да бидат единствените аматаери астронаути кои годинава ќе пристигнат со летало Soyuz на станицата. Во декември годинава на Меѓународната вселенска станица треба да пристигнат јапонскиот милијардер Јусаки Маезава и видео продуцентот Јозо Хирано, кои ќе ги одвезе космонаутот Александер Мисуркин во рамките на туристичка мисија која беше продадена преку вселенската компанија Space Adventures. Маезава и Хирано уплатија аранжман за 12 дена на станицата, а интересно е тоа што Маезава букираше и лето околу Месечината со вселенскиот брод Starship на Илон Маск, чие лансирање е планирано за 2023 година.

Лансирањето на филмската екипа на Меѓународната вселенска станица можете да го следите на овој линк.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

Сподели!
- Advertisement -