Швајцарија ќе дозволи истополови бракови

- Advertisement -

Швајцарија донесе одлука да дозволи нешто што не е дозволено во многу држави во светот – истополови парови да можат да склучат легален брак. Беше одржан национален рефенрендум, на кој 64,1% од гласачите го поддржаа предлогот.

Новиот закон ќе стапи на сила на 1 јули 2022 година. Законот освен што ќе дозволи склопување на брак на луѓе од ист пол, ќе им дозволи и да посвојуваат деца.

- Advertisement -

Хомосексуалните парови од женски пол ќе можат да имаат деца со донација на сперма, што досега беше дозволено само за хетеросексуалните парови. Швајцарија е една од последните земји од Западна Европа која носи ваков закон. Италија и Грција се последните две земји од регионот кои забрануваат истополови бракови, иако и двете земји признаваат заедници во кои живеат луѓе од ист пол.

54% од луѓето во светот велат дека поддржуваат истополови бракови. 61% сметаат дека хомосексуалните двојки треба да имаат исти права за посвојување деца како и хетеросексуалните.

- Advertisement -

Заедно со Швајцарија вкупно 30 земји во светот дозволуваат истполови бракови.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -