Топ 10 професии на иднината: Еве каде да барате сигурна работа и добри плати

- Advertisement -

Ако зборуваме за помодерната историја, можеме да го поделиме светот на оној пред и после корона. Речиси сите аспекти на општеството се сменија, т.е. претрпеа одредени последици од ковид. Така е и во бизнисот, некои сектори напредуваа, некои се намалија.

Без разлика дали само планирате да се вработите или размислувате за преквалификација, бидејќи ја загубивте работата за време на пандемијата или ги преиспитавте вашите желби и потреби, обрнете внимание на тековните податоци пренесени од CNBC, врз основа на експертски анализи.

- Advertisement -

Пандемијата радикално ја промени работната средина, бидејќи милиони Американци ја сменија кариерата или се збогуваа со канцеларијата засекогаш. Иако вработувањето во САД ќе доживее побавен раст во следните 10 години, според Бирото за статистика на трудот, во исто време побарувачката за одредени работни места ќе се зголеми.

Новата анализа наведува дека САД ќе додадат 11,9 милиони работни места до 2030 година. Предвидено е 1,5 милиони работни места да бидат додадени во индустријата за храна и услуги, вклучувајки работници, готвачите и вработени во компании за брза храна, во следните девет години.

- Advertisement -

По сектори, најголем раст ќе доживеат обновливите извори на енергија, податоци и здравствена заштита, при што ќе се истакнат сервисни техничари за турбини на ветер – побарувачката за оваа категорија работници се очекува да скокне за 68,2%.

Вака изгледа листата на топ 10 најбарани занимања до 2030 година, а тука се и платите кои ги следат, на американскиот пазар.

- Advertisement -

-Сервисни техничари на ветерни турбини: раст на секторот 68,2%, годишна средна заработка 56,230 долари
-Медицинска сестра: раст на секторот 52,2%, просечна годишна плата 111 680 долари
-Специјалисти за инсталација на соларни панели: раст на секторот 52,1%, годишна средна заработка 46,470 долари
-Статистичари: раст на секторот 35,4%, годишна просечна плата 92,270 американски долари
-Асистенти физиотерапевт: раст на секторот 35,4%, годишна просечна плата 59,770 долари
-Аналитичари за безбедност на информации: раст на секторот 33,3%, просечна годишна заработка 103.590 долари
-Лична и домашна нега: раст на секторот 32,6%, просечна годишна заработка 27.080 долари
-Менаџери за здравствени услуги: раст на секторот 32,5%, годишна просечна заработка 104.280 долари
-Дата научници: раст на секторот 31,4%, годишна просечна заработка 98,230 американски долари
-Асистент лекар: раст на секторот 31,0%, годишна средна заработка 115,390 долари

(Denar.mk)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -