Цукерберг изгуби околу 6 милијарди долари за тие неколку часа додека не работеше Facebook

- Advertisement -

Технолошкиот милијардер Марк Цукербергв изгуби најмалку 6 милијарди долари за само неколку часа додека неговите социјални мрежи Facebook, Instagram и WhatsApp доживеаја крах вчера попладнето.

Она што зачувува е дека она не е некаква голема загуба за еден од најбогатите луѓе во светот. Со загубата неговото богатство моментално изнесува 117 милијарди долари. Крахот на социјалните мрежи го турна Цукерберг надолу на листата со најбогати луѓе во светот и сега тој се наоѓа на 6. место.

- Advertisement -

Сепак, загубата и не е толку безначајна за компаниите на Цукерберг затоа што следува после тврдењата за несоодветното однесување на Facebook, што веќе и имаше создадено проблеми на компанијата.

Токму оваа недела доушник на Конгресот на САД, на Комисијата за размена хартии од вредност и на други институции им достави документи за непрописната работа на Facebook. Доушнико е Францис Хоген, поранешен продукт менаџер во Facebook, која го откри својот идентите на емисијата 60 Minutes и откри дека сега работите во Facebook се многу полоши отколку кога било порано. Како што изјави, не и била цела да и наштети на компанијата, туку „да ја поправи“.

- Advertisement -

Што се однесува на крахот на социјалните мрежи, од тимот за санирање на Facebook истакнаа дека наводно причината за крахот била погрешно спроведена конфигурација.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -