Тим од научници дизајнираше ултраотпорен тип на бетон кој може самиот да ги поправа пукнатините. Новиот бетон има 30% поголема издржливост отколку конвенционалниот тип на бетон, што значи дека се формираат помалку пукнатини, а кога ќе се појават, сами се затвораат.
„Тие способности на бетонот се возможни благодарение на дизајнот од мешавина од компоненти како критални адитиви, нановлакна од алуминиум и нанокристали од целулоза, кои овозможуваат материјалот самиот да се поправа“ вели Педро Серна од Институтот за наука и технологија на бетон, кој е дел од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија.
Другата клучна особина на новиот бетон е тоа што потребно е многу помало одржување во споредба со конвенционалните бетони. Материјалот може да трае подолго од типичниот животен век од 50 години и е особено погоден за инфраструктури кои издржуваат тешки природни услови како градби во близина на вода или за геотермални фабрики.
Материјалот го тестирале на големи пилот структури кои моментално се под надзор. Две од нив се во Валенсија (Шпанија), една е во Италија, и по една има во Малта и во Ирска. Тие физички структури постојано се под надзор со UPV технологија, што на инженерите им овозможува да ги следат перформансите на бетонот со недели и години.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixnio)