ЕДУИНО амбасадори – признание за придонесот на најпосветените наставници и одбележување на Интернационалниот ден на наставникот

- Advertisement -

ЕДУИНО ја зголеми својата заедница на амбасадори – првата инцијатива за афирмација на најпосветените наставници кои учествуваа во развојот на Едуино платформата во нашата земја.         

Концептот ЕДУИНО амбасадори подразбира креирање група од најпосветени наставници кои се препознаени на национално ниво, како пример за наставник кој придонесува во развој и ко-креирање на дигитални образовни ресурси. ЕДУИНО, платформата цели кон подобрување на образованието преку поттикнување на иновативноста и ко-креирањето, како и создавање на ЕДУИНО заедница која ќе придонесе кон колаборативно креирање ресурси и засилување на вештините кај наставниот кадар. ЕДУИНО е предводен и е во сопственост на Биротото за развој на образованието (БРО), а како партнери во проектот се Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНИЦЕФ.

- Advertisement -

„ЕДУИНО амбасадори иницијативата започна по само една година од постоење на ЕДУИНО, поточно во март 2021 кога за првпат им оддаваме јавно признание на најпосветените наставници, првите 23 ЕДУИНО Амбасадори. Нивната радост ни даде уште поголем поттик да продолжииме во нашата мисија. Затоа на овој 5ти октомври, Интернационалниот ден на наставникот, кој за нас претставува движечка сила на образованието, а со тоа и на општеството, сакаме да им искажеме неизмерна благодарност на новата група од 10 ЕДУИНО амбасадори за сиот труд, посветено време и пренесено знаење во создавањето видеолекции за предучилишно, основно и средно образование.“ – изјавија од тимот на ЕДУИНО.

Оваа иницијатива беше позадравена преку пораката од директорот на Бирото за развој на образованието, Зеќирија Хасипи и преку обраќањето на Боре Пуцоски, офицер на образование во УНИЦЕФ. Искажувањето на оваа јавна афирмација кон трудот на ЕДУИНО амбасадорите е од огромна важност затоа што тие работат врз база на волонтерски придонес кој безрезервно треба да се признае како пример за вистинската улога на наставникот.

- Advertisement -

Денес ЕДУИНО заедницата брои повеќе од 25.000 едукатори и 33 ЕДУИНО Амбасадори, кои допринеле во креирање на повеќе од 4.800 видеолекции, за предучилишно, основно и средно образование. Со тоа, оваа заедница придонесува да се создаде национална дигитална библиотека со непроценлива вредност за учениците и за идните генерации.

Десетте нови ЕДУИНО амбасадори кои се придружија во големата заедница се: Елизабета Теодосиевска, Кадрије Арифи, Билјана Арсовска, Нусрет Хазири, Емилија Стојановска, Гонџе Ејуби, Наташа Тодоровска, Виолета Поповска, Соња Апостоловска Трајковска и Марина Станиславова.

- Advertisement -

ЕДУИНО амбасадорите можете да ги запознаете преку нивните интервјуа на следниот линк.

Проектот ЕДУИНО како и иницијативата ЕДУИНО амбасадори од своите почетоци се поддржани од страна на УНИЦЕФ, а се поддржани и од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје. Проектот го спроведува невладината организација СмартАп, а техничката подготовка и оддржување на колективниот портал ја спроведуваат SyNRG Software & IT Solutions.

Сподели!
- Advertisement -