Светската здравствена организација ја одобри првата вакцина против маларија. Како што соопштија, вакцината треба да влезе во широка употреба за да се спречи маларијата, болест која ја пренесуваат комарците и е далеку посмртоносна од корона вирусот, да убие стотици илјади деца во Африка.
Вакцината се вика RTS,S/AS01 или Mosquirix, а ја направи британскиот производител на лекови GlaxoSmithKline. Од 2019 година досега 2,3 милиони дози од вакцината беа дадени на бебиња во Гана, Кенија и Малави во рамките на пилот-програмата која ја координира СЗО. Таа програма следуваше после повеќегодишни клинички испотувања во 7 африкански земји.
Од маларија умираат главно деца во Африка. Најголем дел од тие кои страдаат од болеста се помали од 5 години. Според податоците на СЗО, секои две минути едно дете умира од маларија.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан, изјави дека оваа вакцина е подарок за целиот свет, но дека нејзината вредност најмногу ќе ја почувствува Африка. Ефикасноста на вакцината во спречувањето на потешки случаи на маларија кај децата е само 30%, но тоа засега е единствената одобрена вакцина.
Ова е прв пат СЗО да препорача широка употреба на вакцина против хуман паразит. Вакцината делува против плазмодиум фалципарум, една од петте врсти паразити, која е и најсмртоносна. Пред одобрената вакцина да стигне до децата во Африка анредниот чекор е финајсирање на производството.
(Bizlife)
(фото: Flickr)