Животот на Месечината или на Марс можеби уште не е сфатлив како опција, но тоа не значи дека вселенските агенции не можат да се подготвуваат за таквата реалност. Така, Европската вселенска агенција неодамна склучи партнерство со Incus, OHB System AG и Lithoz GmbH во рамките на заеднички проект со цел развој и тестирање на 3Д печатење средина со микрогравитација како што има на Месечината.
Проектот произлегува од потребата да се обезбедат некои делови на Месечината кои не може да се донесат од Земјата. Новата технологија користи рециклирана прашина од отпадни метали кои веќе постојат на Месечината и од нив прави нови материјали.
Процесот наречен Lithography-based Metal Manufacturing (LMM) или производство на метал базирано на литографија е тип на технологија за 3Д печатење за создавање напредни метални делови кој го користи принципот на фотополимеризација. Компаниите-партнери сметаат дека ова е многу одржлив вид на 3Д печатење за оваа специфична намена.
„Литографските техники како тие што ги имаат Incus и Lithoz овозможуваат комбинација на високопрецизно 3Д печатење на метали и керамика со високи перформанси, додека истовремено процесот е екстремно ефикасен. Овие концепт беа успешно тестирани на Земјата, но се суштински за овозможување производство и изградба во вселената“ вели д-р Мартин Швентенвајн од Lithoz.
Проектот ќе трае вкупно 18 месеци и ќе се искористи да се употребат отпадните метали на Месечината за да се проиведат висококвалитетни производи преку еколошки процес со нула отпад. Ако проектот се покаже успешен, идните мисии на Месечината значително ќе ја намалат зависноста од Земјата за создавање живеалишта.
(Interesting Engineering)
(фото: ccnull.de)