Научници прават летачки машини кои се помали од зрно песок

- Advertisement -

Тим од инженери на Универзитетот Нортвестерн направи милијатурни летачки машини кои може да послужат за надгледување на загадувањето, заразните болести и други загадувачи на животната средина откако ќе бидат исфрлени од авион или од висока зграда.

Роеви од такви минијатурни летала може да форираат масивна безжича мрежа, да собираат битни и вредни податоци за околината без недостатоците на гломазната опрема за надзор. Дизајнот е инспириран од дрвјата кои испуштаат ситно семе способно за вртење во круг со цел да се забави нивното спуштање и да им овозможи да се шират на поголема територија.

- Advertisement -

Тоа значи дека малите микрочипови немаат свои погонски средства или мотори. И покрај малите димензиии, научниците успеале да постават сензори, извори за напојување или антени за безжична комуникација.

Тимот успеал да ги искористи најнапредните материјали и производни методи кои ги користи индустријата за потрошувачка електроника. Преку тестирањето тие успеале да влучат и направи кои собираат енергија за напојување на безжични антени за пренос на податоци на паметен телефон. На тој начин прототиповите може да откријат честички во воздухот или да отчитаат PH вредност, што може да се користи за откривање на квалитетот на водата.

- Advertisement -

Инженерите сега работат на целосно биоресорбирачки верзии, кои се раствораат во вода кога ќе паднат на земја и не оставаат зад себе никаков траг.

(B92)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -