ВИДЕО: Еве како Холандија им помага на старите луѓе да се борат со самотијата

- Advertisement -

Холандија направи посебни каси во маркетите со цел старите луѓе да не се чувствуваат толку осамени. Имено, во холандските маркети Jumbo старите луѓе може да се задржат подолго на каса за да можат да разговараат со вработените додека плаќаат.

Таквите посебни каси се викаат „каси за разговор“ (chat ckeckout) односно Kletskassa. Првата таква каса Jumbo ја тестираше уште во 2019 година. Таа иновација беше толку успешна што сега компанијата отвора уште 200 такви каси во регионите каде што има највисоко ниво на осамени луѓе.

- Advertisement -

Во Холандија 1,43 милиони луѓе се на возраст над 75 години, а 56% од нив велат дека се осамени. Осаменоста е проблем не само во Холандија, туку и во целиот свет. Се повеќе супермаркети инвестираат во технологија која ги заменува касиерите, но тоа не им помага на луѓето за кои одењето во продавница е една од ретките можности за социјализација со други луѓе.

И други земји истражуваат можни начини за справување со самотијата. Во Франција, на пример, поштарите ги посетуваат постарите луѓе за одредена сума. Таквата шема се вика „Чувај ми ги родителите“ (Watch over my parents).

- Advertisement -

Во Италија, пак, пред пандемијата студенти се вселуваа во домовите на пензионери и плаќаа симболична сума за кирија во замена за друштво и помош во домашните обврски.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -