Зголемен бројот на пчелни семејства, расте интересот за пчеларството кај младите

- Advertisement -

Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а во исто време кај младите земјоделци постојано расте интересот за одгледување пчели, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешното предавање „Одржливо пчеларство – искуства и практики“.

Министерот истакна дека пчелите поради загадувањето, климатските промени, урбанизацијата и пестицидите во светски рамки, се загрозени и во изумирање и заклучи дека државава има исклучително поволни климатски услови за пчеларите, што придонесува за производство на квалитетен мед. 

- Advertisement -

– Да ги заштитиме пчелите, да го развиеме пчеларството и да стимулираме производство од најздравата намирница во светот, а тоа е медот. Пчелите го заслужуваат тоа, бидејќи според сите истражувања без нив нема живот. Пчеларството е еден од секторите во државава кои константно бележи тренд на зголемување. Но, сето ова не е доволно, потребни се нови конкретни чекори на светско ниво, особено пред заканата од климатските промени, сметам дека со поддршка од државата и добра развојна стратегија оваа гранка се повеќе ќе расте, изјави Хоџа.

Словенечкиот амбасадорот во земјава Милан Предан изјави дека покрај долгогодишното пријателство и соработка и пчеларството ги поврзува Словенија и Северна Македонија.

- Advertisement -

– Северна Македонија има извонредно добри природни услови за пчеларство и тоа кај вас е многу развиено. Со наша помош, со наши совети можеме да помогнеме пчеларството да се подигне на едно повисоко ниво, нагласи Предан.

Тој посочи дека пчеларството е многу важна дејност во нивната земја и потсети дека Словенија е таа која даде иницијатива 20 Мај да се прогласи за Светски ден на пчелите. Предан изјави дека македонските пчелари покажуваат голем интерес за искуствата и знаењата на своите колеги од Словенија и затоа одлучиле да се организира оваа конференција. Според него, климатските промени имаат големо влијание на пчеларството и од словенечките пчелари може да се преземат некои искуства.

- Advertisement -

Словенечкиот амбасадор смета дека има соработка и меѓу институциите и додаде дека тие како Амбасада се понудиле да бидат посредник во преносот на тие искуства. Тој нагласи дека ќе бидат на располагање за да ги поврзат стручните институциите, поединци од исти подрачја и пчеларски друштва од двете држави.

Боштјан Ноч, експерт за пчеларство и претседател на Пчеларското здружение на Словенија изјави дека соработуваат со поединци, а најмногу со д-р Александар Узунов, кој во Словенија држел стручни предавања и едукации и додаде дека сакаат соработката да се прошири.

Тој информира дека ќе ги пренесат словенечките искуства, европското законодавство кое, како што рече, има многу нови нешта за пчеларите, за поддршката од државата и од ЕУ, за влијанието на климатските промени.

Сподели!
- Advertisement -