Децата во Австралија ќе можат да користат социјални мрежи само со согласност од родителите

- Advertisement -

Австралија планира да ги натера платформите за социјални мрежи да бараат согласност од родителите за сите корисници помлади од 16 години или да се соочат со казни од 7,5 милиони долари. Според нацрт-законот, со тоа Австралијците би се заштитиле на интернет и би се осигурале дека законите на земјата за приватност се соодветни на оваа дигитална доба, соопштија од австралиската влада.

Платформите за социјални мрежи ќе мора да ги преземат сите потребни чекори за да ја верифицираат возраста на своите корисници според обврзувачкиот код за услуги од социјални мрежи и други големи онлајн платформи кои работат во Австралија.

- Advertisement -

Во нацрт-законот се наведува и дека платформите ќе мора првенствено да водат сметка за најдобрите интереси на децата кога управуваат со нивните лични податоци. Така, би се барала согласност од родителите за корисници помлади од 16 години кои сакаат да се пријават на социјална мрежа.

Предложените законски измени следуваат откако поранешната менаџерка на Facebook, Францис Хоген, претходно овој месец изјави дека кога ќе дојде до судир меѓу јавното добро и она што им користи на компаниите, гигантите за социјални мрежи ќе си ги изберат сопствените интереси.

- Advertisement -

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -