Деспотовски: До крајот на годината вкупниот износ на инвестиции ќе надмине 300 милиони евра

- Advertisement -

Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) заклучно со минатиот месец има потпишано договори во износ од 160 милиони евра, а очекувањата се дека до крајот на годината вкупниот износ на инвестиции ќе надмине 300 милиони евра.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека уште два договори се во финална фаза, а за седум-осум договори за кои разговорите се завршени, се чека одговор од Комисијата за заштита од конкуренција.

– Заклучно со минатиот месец, ТИРЗ има потпишано договори во износ од 160 милиони евра. Имаме уште два договори кои се во финална фаза што значи дека разговорите со инвеститорите се завршени и имаме уште седум до осум договори за кои разговорите се затворени, но се очекува Комисијата за заштита од конкуренција да се произнесе. Значи, зборуваме за вкупен износ на инвестиции кои ќе надминат 300 милиони евра, изјави Деспотовски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната средба со новинари на која беше образложен Стратешкиот зелен инвестициски фонд, кој е дел од Планот за забрзан економски раст што Владата го усвои на седница во вторникот.

Сподели!
- Advertisement -