Panasonic претстави 5 пати помоќна батерија за возилата на Teslа

- Advertisement -

Технологијата за батерии е еден од клучните фактори за електрификација и целосна транзиција од бензинци и дизелаши на електрични автомобили. Денешниот проблем со батериите е тоа што досегот е ограничен. а времето на полнење е предолго во однос на неколку минути потребни за полнење со нафта или бензин на станица.

Сепак, работите постепено се менуваат а технолошките компании инвестираат се повеќе пари за развој на батерии. Една таква компанија е јапонски Panasonic, кој вчера претстави нов прототип на батерија наменета за возилата на Tesla. Батеријата има 5 пати поголема моќност од актуелните батерии.

- Advertisement -

Првиот човек на одделот за батерии на Panasonic, Казуо Таганобу, вели дека батериите се направени на барање на Tesla, Главната одлика на батериите кои ќе ги произведува Panasonic е складирањето повеќе енергија со многу помали трошоци за рпоизводство.

При претставувањето на батериите од Panasonic открија дека не се во намера да почнат со производство на поевтини батерии на база на литиум-железен фосфат, кои се користат во електричните возила.

- Advertisement -

Најзата за производстцво на нови батерии за Teslа го потврди продолжувањето на соработката со други компании. Неодамна Panasonic ги продаде своите акции во Teslа, а компанијата на Маск одлучи да го прошири кругот на производители на батерии со кои соработува, како што се LG Energy Solution и кинески CATL.

(Reuters)

Сподели!
- Advertisement -