Откако минатата зима се случи најголемата кражба на кориснички податоци во светот, во текот на која беа откриени 3,2 милијарди имејл-адреси и лозинки, од IBM предупредија дека 4 од 5 инциденти се поврзани со слаби или украдени лозинки.
Во налетот на хакерските напади добро е да се промени и начинот на кој се однесуваме кон онлајн безбедноста, но постојано измислување и паметење нови лозинки може да биде многу напорно.
За тоа сведочи и листата со најлоши лозинки за 2020 година, на која се најдоа:
123456
123456789
picture1
password
12345678
111111
123123
12345
1234567890
Силната лозинка, како што објаснуваат експертите, треба да се состои од комбинација на букви и бројки, но ниту во еден случај не треба да биде иста за различни страници и не смее да биде фраза која лесно се памети. Исто така, лозинката мора да биде подолга од 8 знаци и да се содржи и посебни знаци и броеви.
(N1)
(фото: Wikimedia)