Кина лансираше уште еден сателит кој ќе го чисти отпадот од земјината орбита

- Advertisement -

Кина работи на нов воен сателит кој треба да го чисти вселенскиот отпад. Сателитот наречен Shijian-21 пред една недела беше лансиран на ракетата Long March 3B од лансирниот центар Xichang Satellite Launch Center во југоисточна Кина.

Како што пренесоа кинеските медиуми, Shijian-21 ќе ја тестира технологијата за „ублажување“ на вселенскиот отпад. Мисијата се случува во време ког ситуацијата со вселенскиот отпад е навистина алармантна. Во моментот во орбитата има дури 8.950 сателити лансирани од повеќе од 40 нации. Околу 5.000 од тие сателити се уште се во орбитата, но се на крајот на нивниот животен век.

- Advertisement -

Тоа создава ризик дека некои од идните мисии во орбитата може да се судрат со отпадот, што може да предизвика сериозна штета. Многу компании како Kurs Orbital почнаа да градат вселенски летала кои ќе помогнат да се реши тој проблем, а времето ќе покаже чија идеја е најефикасна.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -