Професионалци, практичари и студенти ќе посетуваат специјализирани обуки од текстилната и градежната индустрија и од земјоделството
Во исто време, Центарот ќе служи како „продолжена рака“ на Фондот за иновации и технолошки развој при што ќе се создадат услови за реализација на актуелни обуки, предавања и тренинг. Уникатните и ексклузивните услуги организирани во сесии наменети за професионалци кои работат во актуелни индустрии, но и студенти и лица заинтересирани да се стекнат со специфични нови вештини актуелни на пазарот на трудот.
„ФИТР е партнер на оваа иницијатива, при што сметаме дека Центарот за идни вештини #SkillsNext идеално со вклопува во мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој, а тоа е: градење и негување на култура на развој, нови трендови, технологии и апликативни решенија подготвени глобално да се вклучат во работни и бизнис процеси. Сакам посебно да го истакнам и регионалниот карактер на Центарот, со отворени можности за регионални соработки и глoбален развој на нашата работна сила, а посебно креирање нов човечки капитал подготвен веднаш да се вклучи на конкурентениот пазар на труд.“ – изјави Директорот на ФИТР, Коста Петров.
Во следниот период, „SkillsNext” ќе работи на неколку функционално – стратешки цели во правец на создавање релевантен Ресурсен хаб за поддршка на зелената транзиција и технолошката трансформација во градежната, текстилната индустрија, како и во и земјоделството.
„Како и насекаде, сведоци сме дека токму недостатокот на квалификувана работна сила со специфични вештини претставува и главен фактор за поголема конкурентност и професионализам на пазарот на трудот. Тоа и беше главната причина за создавање на Центарот чија што главна мисија ќе биде создавање на поквалитетни и подобри работни места и поголема продуктивност на приватниот сектор.“ – потенцираше Постојатниот преставник на Програмата за развој на Обединетите нации во нашата земја, Армен Григорјан.
Сите актуелности, новитети и материја за е-учење, како и споделени бизнис информации од регионот ќе бидат поставени и споделени на интерактивната платформа www.skills4future.mk која ќе претставува главна точка за информирање и учење.
Амбасадата на Обединетото Кралство ја препозна потребата за поддршка во областа на градење квалификувана работна сила подготвена со нови вештини да се вклучи на пазарот на трудот.
„Се надевам дека Центарот ќе започне и ќе ги негува целите за одржливи градежни методи. Почнувајќи од БИМ (Building Information Modelling) технологијата, за која што е потврдено дека го намалува процентот на отпадните материи и дозволува оптимизација на градежните технологии, преку методи за енергетско предвидување и планирање, па се до практични вештини за работа во полето на енергетста ефикаснот и создавање зелена енергија.“ – подвлече Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство.
Центарот за нови вештини „SkillsNext“ e отворен во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство, Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), ФИТР и УНДП.