Маск со јавна анкета бара мислење од луѓето: дали да продаде 10% од акциите во Tesla за да си го плати данокот?

- Advertisement -

Најбогатиот човек во светот и сопственик на компаниите Tesla и SpaceX, Илон Маск, на Twitter направи анкета во која од корисниците на социјалната мрежа бара совет. Имено, ултрамилијардерот не може сам да одлучи дали треба да продаде 10% од акциите во Teslа.

Во последно време доста се зборува за тоа дека неостварената добивка е средство за избегнување даноци, па затоа предлагам да продадам 10% од своите акции во Teslа. Ќе го применам општото мислење на оваа анкета, без оглед какво е тоа“ напиша Маск на Twitter.

- Advertisement -

Анкетата е отворена не само за неговите следбеници, кои ги има 62,5 милиони, туку за сите корисници на таа социјална мрежа, а времето за учествување е 24 часа и кој сака може да го даде својот глас.

Резултатите засега велат дека повеќе од половина од „твитерашите“ сметаат дека Маск треба да ги продаде акциите за да плати данок.

- Advertisement -

„Не примам плата во готово ниту бонуси од каде било. Имам само акции, така што единствениот начин да платам данок е да ги продадам акциите“ појасни Маск.

За потсетување, на крајот на октомври Маск го критикуваше предлогот на демократите во Конгресот да се воведе данок на инвестициската добивка на милијардерите.

- Advertisement -

(Sputnik)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -