Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, пред неколку дена на Twitter направи анкета дали да продаде 10% од своите акции во Tesla за да ги плати даноците и додаде дека ќе ја почитува одлуката на твитерашите. На анкетата 57,9% од вкупно 3,5 милиони кои реагираа се изјаснија дека Маск треба да ги продаде акциите.
„Подготвен без да го прифатам резултатот каков и да е“ изјави Маск.
Најбогатиот човек во светот претходно го критикуваше најавениот предлог на демократите да се воведе посебен данок за милијардерите. Пред неколку дена повторно се врати на таа тема и напиша дека во последно време многу се зборува за нереализираната добивка како начин за затајување данок, па затоа предлага да продаде дел од своите акции во Tesla и да си го плати данокот.
И го до и одговорот од твитерашите. Тие велат да ги продаде акциите за да плати данок. Според податоците на Bloomberg, Илон Маск на 30 јуни поседувал околу 17% од акциите во Teslа, компанија која моментално вреди 208,37 милијарди долари. Ако продаде 10% од своите акции таму, теоретски може да добие нешто помалку од 21 милијарди долари.
Пред неколку дена ги потсети сите дека не добива ни плата ни бонус, па единствениот начин да си плати данок е да продаде акции.
(Zimo)
(фото: Flickr)