Низ годините рзлични луѓе даваа различни визии за иднината. Така, можевме да слушнеме дека ќе живееме во вселенски станицa во Земјината орбита, на Месечината или на Марс. Како што се развиваат вселенските патувања таквите сценарија изгледаат се поверојатни.
Но, визијата за животот во иднина на основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, делува по малку нереално. На форумот Ignatius Forum, кој се одржуваше во Вашингтoн, Безос дискутираше за вселената, за плановите за Blue Origin, но и за своите визии како можеме да ја спасиме Земјата.
Безос, кој летоска и самиот беше на патување во вселената, изјави дека тоа искуство го променило и во својата визија за идните вселенски колонии откри дека верува оти во иднина ќе живееме во лебдечки населби кои ги имитираат условите на Земјата. Според него, таквите лебдечки цилиндри ќе може да соберат до 1 милион луѓе и ќе имаат и реки, шуми и животни.
Како што ќе одминуваат вековите, луѓето ќе бидат родени во вселената. Тоа ќе биде нивниот дом. Ќе бидат родени во колонии, ќе живеат во нив, а Земјата ќе ја посетуваат како што ги посетуваат националните паркови.
Идејата за изградба на колонии во вселената Безос со светот ја сподели уште како матурант во текот на својот говор. Сега е уште поуверен дека токму вселенските колонии се подобар избор од одењето на друга планета.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)