Исланд ќе копа 2 км среде вулкан за да стигне до јадрото на Земјата

- Advertisement -

Вулканот Крафла со големото кратерско езеро со тиркизна боја, облаци од чад и сулфурна кал е едено од најимпресивните природни чуда на Исланд. На североистокот од Исланд група меѓународни истражувачи се подготвуваат да копаат 2 км среде вулканот. Целта на тој проект е изградба на првата подземна опсерваторија на магма во светот.

Проектот вреди 100 милиони долари, а стартувал уште во 2014 година. Првите бушења треба да почнат во 2024 година. Во проектот учествуваат научници и инженери од 38 истражувачки институти и компании од 11 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција. Нивната намера е да избушат дупка до магматската комора во вулканот.

- Advertisement -

Спротивно на лавата која излегува на површината, магмата, односно растопениот карпест материјал под површината на Земјата, се уште е непознат за научниците. Опсерваторијата во Крафла ќе биде прва таква во светот.

„Никогаш претходно не сме ја проучувале подземната магма, освен кога случајно би наишле на неа со бушење на вулкани на Хаваи, во Кенија и во самиот Крафла“ велат научниците.

- Advertisement -

Тие се надеваат дека проектот ќе доведе со голем напредок во искористувањето на геотермалната енергија и дека ќе го продлабочи знаењето за предвидувањето на вулканските ерупции и ризиците од нив.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

 

Сподели!
- Advertisement -