Кина го забрзува развојот на вакцина против омикрон

- Advertisement -

Досега, ниту еден случај на варијантата омикрон не е пријавен во Кина.

„Врз основа на различни технологии, забрзано работиме на истражување и развој на вакцини против варијантата омикрон“, рече Џенг Жонгвеи, шеф на специјалната група за развој на вакцини против коронавирус.

- Advertisement -

Потенцијалната вакцина против омикрон можеби на крајот нема да треба да се користи, но неопходно е Кина да се подготви, рече Џенг. Засега, нема цврсти докази дека омикрон го заобиколува имунитетот стекнат со вакцинацијата, но се очекува дека повеќето постоечки вакцини ќе помогнат да се намали сериозноста на болеста и смртта, додава Џенг.

Кинескиот производител на вакцини Sinovac Biotech потврдил дека анализира дали нивната вакцина делува против омикрон или треба да направат сосема нова вакцина. Shenzhen Kangtai Biological Products (BioKangtai) сака да соработува со други институции за истражување на омикрон. Кина користи само домашно произведени вакцини во својата програма за вакцинација, а вакцините развиени во странство допрва треба да бидат одобрени.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -