Бизнис конфедерацијата одбележува 20 години од постоењето

- Advertisement -

Бизнис конфедерацијата на Македонија по повод 20-годишнината од постоењето денеска организира конференција со бизнис заедницата, претставници од Владата и  меѓународните организации под мотото „20 години БКМ во функција на бизнисот”.

На настанот, како што е најавено, обраќање ќе имаат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестици Фатмир Битиќи, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, координаторот на Меѓународната организација на трудот за Северна Македонија, Емил Крстановски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков.

- Advertisement -

Како дел од конструктивното одбележување на 20-годишнината на БКМ, вицепремиерот Битиќи ќе одговара на претходно поставени прашања од бизнис заедницата, велат организаторите.

Фото – StockSnap

Сподели!
- Advertisement -