Во ноември, инфлацијата во САД се забрза со најбрзо темпо од 1982-ра година, покажуваат податоците на Министерството за труд, објави „CNBC“. Статистиката ги покажува предизвиците на економското закрепнување, зголемениот притисок врз ФЕД.
Индексот на потрошувачките цени, кој ја мери цената на широк спектар на стоки во потрошувачката кошница, во ноември порасна за 0,8%, достигнувајќи стапка од 6,8% на годишна основа.
Главниот индекс, кој не ги вклучува цените на храната и енергијата, порасна за 0,5% минатиот месец и 4,9% на годишно ниво. Ова е најголем пораст на индикаторот на годишна основа од средината на 1991-ва година.
Причините за ваквото забрзување лежат во вообичаените осомничени. Енергијата порасна за 33,3% од ноември 2020-та година, што е повеќе од 3,5% само во претходниот месец. Само бензинот поскапе за повеќе од 58 проценти.
Поскапувањето на храната е 6,1% на годишно ниво. Пријавеното зголемување на цената на половните автомобили и камионите, што има голем придонес во вкупниот скок, изнесува 31,4%. Во однос на претходниот месец, зголемувањето е 2,5%.
[pro_ad_display_adzone id=”6499″]
Според Министерството за труд, растот на храната и енергијата е најголем едногодишен пораст во последните најмалку 13 години.
Податоците за инфлацијата предизвикаа загриженост кај инвеститорите, рефлектирана во падот на клучните индекси и на американската и на азиската берза. На крајот од трговскиот ден во петокот, американските индекси ја прекинаа победничката серија, една од причините за тоа беа загрижувачките прогнози за индикаторот. Прогнозата на „Dow Jones“ беше 6,7% годишна инфлација во ноември за индексот на потрошувачките цени и 4,9% за основниот индекс. Сесијата во петокот на азиските пазари, исто така, заврши со црвено, делумно поради враќањето на загриженоста за новата верзија на коронавирусот омикрон.
Иако барањата за бенефиции за невработеност во земјата пораснаа со најбавно темпо од 1969-та година, а БДП-то се очекува нагло да расте до крајот на 2021-ва година, инфлацијата останува најголемиот проблем за економското закрепнување на САД.
Федералните резерви на САД внимателно ги следат податоците. Следната недела е последниот состанок на ФЕД во оваа година. Претставниците на банката навестија постепено забавување на стимулациите за задржување на растечките цени. Инвеститорите очекуваат ФЕД да го преполови купувањето на обврзници на 30 милијарди долари месечно. Тоа може да се случи веќе во јануари 2022-ра година, а ќе овозможи зголемување на каматните стапки веќе следната пролет.
(Denar.mk)
(фото: ccnull.de)