Amazon ја згаснува алатката за мерење популарност на веб-страниците

- Advertisement -

„Amazon“ објави дека ќе ја затвори „Alexa.com“, една од најстарите програми за анализа на популарноста на веб-страниците.

„Alexa Internet Inc.“ е основана во 1996-та година, за да биде купена од „Amazon“ во 1999-та година за 250 милиони долари.

- Advertisement -

Компанијата се занимава со анализа на сообраќајот, а најпознатата и најкористена карактеристика е „Global Rank“, која генерира листа на популарни сајтови ширум светот, врз основа на нивниот сообраќај. Оваа анализа често се користи како репер кога станува збор за прикажување на популарноста на страницата.

По повеќе од две децении работа на оваа услуга, исклучувањето на „Alexa.com“ е закажано за 1-ви мај 2022-ра година. Сепак, многу бесплатни функции веќе се отстранети од страницата, а ако не се, наскоро ќе бидат исклучени. Само функциите наменети за претплатници ќе бидат достапни до конечното исклучување на страницата.

- Advertisement -

Прашањето е зошто „Amazon“ се реши на овој чекор. Вистинската причина сѐ уште не е позната, но може да се погоди.

На крајот на краиштата, исклучувањето на еден од најстарите системи за анализа на сообраќајот на Интернет изгледа малку неразумно. Сепак, голема е веројатноста причината за исклучувањето да е името на тој сервис.

- Advertisement -

Имено, „Alexa“ е и многу популарен асистент со вештачка интелигенција на „Amazon“, па можно е компанијата, која веќе го поседува најлогичниот домејн за него (Alexa.com), да сака да го пренасочи тој домејн за да го поддржи својот асистент.

Сподели!
- Advertisement -