Зголемената понуда и омикронот ја намалија цената на нафтата под 73 долари за барел

- Advertisement -

Цените на нафтата денеска паднаа под 73 долари за барел на меѓународните пазари, по зачестените индикации дека следната година понудата ќе ја надмине побарувачката и предупредувањата на СЗО дека вакцините можно е да се помалку ефикасни против новиот омикрон сој на коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше за 88 центи пониска од претходното затворање и изнесуваше 72,82 долари. На американскиот пазар, пак, барелот се тргуваше за 1,01 долари пониско, по 69,72 долари.

Пазарот посебно се фокусираше на новиот сој омикрон на коронавирусот и неговото потенцијално влијание врз побарувачката, бидејќи некои влади веќе воведоа ограничувања за патување за да го запрат неговото ширење.

- Advertisement -

-Широките ограничувања се сигурен знак за нови неволји, изјави Тамас Варга од нафтената брокерска компанија PVM.

СЗО денеска соопшти дека постоечките вакцини, според прелиминарните докази, може да се помалку ефикасни во спречување на инфекцијата и преносот на омикрон, што и онака се смета за позаразен од претходните варијанти на вирусот.

- Advertisement -

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) вчера соопшти дека наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 по појавата на омикрон ќе ја намали глобалната побарувачка на нафта во услови на бум на производството, особено во САД.

Тие оценија и дека понудата ќе биде поголема од побарувачката барем до крајот на следната година.

Сподели!
- Advertisement -