- Advertisement -
Грција воведува задолжителен негативен ПЦР тест за сите странски државјани кои сакаат да влезат во земјата, додека се бори со ново ширење на коронавирусот. Оваа мерка ќе стапи на сила на 19 декември во шест часот.
Како што објави весникот „Катимерини“, во прв момент беше соопштено дека мерката ќе се однесува само на посетителите од Велика Британија и Данска, но министерството за здравство кажа дека ќе важи за сите земји, вклучувајќи ги и оние од Европска Унија.
- Advertisement -
„Оваа одлука е дел од напорите на владата да ја стави пандемијата под контрола додека се појавуваат грижи околу новиот сој омикрон“, соопшти министерството за здравство.
- Advertisement -