Научниците идната година ќе објават нови податоци за НЛО

- Advertisement -


Организацијата UAPx, која истражува неидентификувани летечки објекти (НЛО) и неидентификувани воздушни феномени наскоро јавно ќе објават нови податоци за НЛО.

„Кога тоа ќе биде легално, UAPx на светот ќе му ги открие нашите анализирани податоци, како и новите податоци. Тоа ќе го направиме откако ќе пронајдеме и ќе осигураме серери адеквати за оваа задача. UAPx смета дека нашиот тим собра, обработи и анализираше најбитна колекција на научни податоци кои се однесуваат на НЛО. Користена е стриктна научна методологија за собирање на податоците, која овозможи стручни анализи и поттикна рецензии од колеги за потенцијално објавување во едно или повеќе списанија“ соопштија од организацијата UAPx.

- Advertisement -

Овие податоци вклучуваат повеќе од 600 часа инфрацрвени снимки со FLIR камери, вкупно 3 TB материјали кои се снимени со бројни камери. Анализите откриле значителен број на аномалиски објекти и феномени кои уште се истражуваат пред да бидат јавно објавени. Новите информации може да бидат конечен доказ за постоење на НЛО.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -