Роверот Perseverance на НАСА, кој веќе некое време е на Марс, откри органски состојки кои содржат јаглерод во некои од карпите кои ги истражува на дното на кратерот Језеро.
Тоа не значи дека сме откриле живот на Марс, туку дека таму има услови за постоење на некаков живот бидејќи органски материи се создаваат на биолошки и небиолошки начин. Потребни се понатамошни истражувања за да се утврди кои процеси ги формирале состојките пронајдени во Језеро.
Ова е битно откритие за проектот на НАСА, бидејќи тимот истражувачи досега се прашуваа дали карпите во тој регион се седиментарни или магматски уште пред Perseverance да слета на Марс.
Органските состојки биле пронајдени во прашината на неабразивни карпи, како и во внатрешноста на абразивни карпи во кратерот, каде што порано имало големо езеро и речна делта. Карпите по кои вози роверот по слетувањето на Марс веројатно настанале од магма, а тимот научници веруваат дека низ годините карпите дошле во контакт со вода во повеќе наврати и дека некои од нив содржат органски молекули.
(Interesting Engineering)
(фото: НАСА)