Јана Клопчевска: За да се развие иновативен прехранбен производ, науката и производството треба да бидат во симбиоза!

- Advertisement -

Неодамна на македонскиот пазар се појави нова линија функционални колачи на брендот 4U, производство на Жито Пром – Гевгелија. Колачите 4U спаѓаат во т.н здрава храна, а развојот на нивниот концепт и рецептура, беше препознаен и поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Успешната иновативна приказна, според доцент д-р Јана Клопчевска, од Институтот за органска технологија, Катедра за прехранбена и биотехнологија – е одличен пример и за соработката на производството со научната фела. Тоа  отвора нови можности за креирање храна на иднината и следење на светските стандарди – вели продеканката за настава на Технолошко-металуршиот факултет, директно вклучена во иновативниот процес на 4U.

  1. Како дојде до соработката со Жито Пром и развивањето на линијата функционални колачи 4U?

Соработката со компанијата Жито Пром започна благодарение на менаџерката Татјана Taнева Новакова, која како професионалец беше доволно доблесна да избрере соработник со кој ќе иновира производи или фунцкионални колачи, односно производ непознат за нашиот пазар. Брендот 4U односно кроасаните, беа претходно застапени на пазарот, па соработката се разви во насока на дополнителна линија на производи кои ќе бидат слатки, но функционални. Целта беше креирање на закуска кај која нема да одземеме од вкусот, но ќе додадеме на целокупната функциија.

- Advertisement -
  • Каков предизвик беше развивањето на концептот и рецептурата и кои параметри беа клучни во подготовката?

Функционалните колачи беа голем предизвик, соодветен за еден научник кој се занимава со истражување во делот на храната и фармацијата. Идејата беше спој на она што го работам секојдневно или го предавам на моите студенти по предметите Храна и исхрана, Технологија на биополимери и Фармацевтска технологија. Кога ќе ја земеме во предвид таа спојка, резултатот е развивање на храна во својство на суплемент. Брзото темпо на живот и постојаното внесување на додатоци во исхраната, беше смерница кон креирање на добра фортифицирана закуска, во својство на нашиот метаболизам. Оттука произлезе и идејата за функционалните состојки кои ги употребивме: активниот јаглен, фруктоолигосахаридите/пребиотиците, колагенот, АД капките и слично.

  • Како ги опишувате функционалните колачи 4U и кому ги препорачувате?

Колачите се креација од вкус, текстура, боја и арома која ги поттикнува сите наши сетила. Тие се сензорски анализирани и според сите тестови на професионалните панелисти, добија највисоки оцени за прифатливост од страна на конзументите. Спојот на компоненти беше направен на основа на food pairing конептот, кој е спој на компатибилни компоненти за целосно уживање и активирање на нашите рецептори за вкус. Кога згора на ова ќе се додаде и одредена фунцкија односно својство на потпомагање на цревната флора или подмладување и зацврснување на нашата кожа, добиваме супер храна, препорачлива за широката популација. Ваквите слатки закусни се наменети како за децата, бидејќи ќе ја збогатат нивната исхрана, така и за возразните, кои се спортски актвивни, внимаваат што јадат или пак се грижат за нивното здравје и секако за пензионерите, кај кои се јавува поголема потреба од внес на суплементи.

- Advertisement -
  • Можат ли македонските производители да одговорат на светските трендови за здрава храна, медицинска храна или храна на иднината?

Компанијата Жито Пром, преставува македонска компанија која вложува, не само во инфраструктура, ресурси и кадар туку и во иновации, како одговор на светските трендови. Тимот, постојано следи саеми за храна и се усовршува со надградба на машинскиот парк, се‘ со цел да произведе квалитететен производ, како за домашниот, така и за странскиот пазар. 

Не сметам дека сите компании во земјава ги следат или пак применуваат светските трендови, но сметам дека има одредена бројка на наши соработници за кои можеме да кажеме дека се во целост спремни да одговорат на барањата на светските пазари.

- Advertisement -
  • Проектот функционални колачи 4U  е добар пример за соработка на академијата и прехранбената индустрија. Дел од истражувањата беа и во лабораторијата на Технолошко-металуршкиот факултет. Што значи ова за двете сфери – научната и производствената?

Жито Пром – Гевгелија ѝ подаде рака на академијата и во целост го прифати предизвикот. Производот се развиваше во неколку фази и тоа од идеја, па потоа лабораториска и индустриска фаза, на која следеше развој на соодветна амбалажа, етикетирање и пуштање во промет. Развојот на слатките закуски заедно со специфичните анализи, беа направени токму во научно-истражувачката институција од каде што доаѓам, а која располага со соодветна апаратура и кадар за оваа намена.

Значи, брендот 4U или слатките закуски, сe доказ дека двата сектори мора да фунцкионираат во симбиоза, што пак преставува клучен фактор кон прифесионален и целосен развој на еден прехранбен производ.

Сподели!
- Advertisement -