Американскиот технолошки гигант Apple го најави лансирањето на паметни телефони без физичка СИМ-картичка.
Телефоните треба да користат електронска СИМ картичка т.е. еСИМ, која на телефонот ќе му овозможи да функционира исто како и физичката картичка.
Со цел имплементирање на новата технологија, Apple е веќе во преговори со мобилните оператори во САД, укажувајќи им однапред да се подготват за лансирањето на новите паметни телефони кои ќе користат само електронска СИМ картичка.
Лансирањето на телефоните е планирано за 2022 година, кога и треба да се претстави новиот iPhone 14.
Веројатно е дека телефоните со само електронска СИМ картичка првично ќе бидат достапни само за американскиот пазар.
Треба да се истакне дека последните неколку генерации на iPhone го поддржуваа користењето на еСИМ напоредно со физичка нано-СИМ картичка.