Работењето во Apple, компанија со најголема пазарна вредност во светот, за многумина е остварување на соништата, но не сите вработени во компанијата се задоволни со своето работно место од различни причини.
Таквата ситуација не е специфична само за Apple, туку и за целата Силиконска долина, но и за пазарот на труд генерално. Исто така, пандемијата и промените на начинот на работа се ги променија и желбите и потребите на работниците и дел од нив сега на прво место ја ставаат работата од дома или хибридниот начин на работа.
За да спречат да им избегаат најдобрите вработени, од Apple се одлучија да им понудат неочекувани бонуси. Така, известија дел од софтверските инженери дека ќе им исплатата бонуси во висина од 50.000 до 180.000 долари. Бусните нема да им се исплатата веднаш, туку ќе ги добијат во форма на акции во компанијата, кои ќе може да ги реализираат после 4 години. Значи, вработените ко ќе сакаат да го добијат бонусите наредните четири години ќе мора да останат во компанијата.
Компанијата која привлекува најголем дел од вработените на Apple е Meta и само во текот на последните неколку месеци во компанијата на Цукерберг избегале стотина инженери на Apple.
(NYPost)
(фото: YouTube)