Ако не преземеме нешто, до крајот на векот ќе изгубиме 1.500 јазици

- Advertisement -


Можеби звучи необично, но колку се селата подобро поврзани со градовите, поголема е опасноста од губење на автохтоните јазици. Во светот денес постојат околу 7.000 признати јазици, но некои од нив наскоро може да ги снема засекогаш, покажа нова австралиска студија.

Според студијата, околу половина од јазиците се во опасност, а 1.500 од нви до крајот на векот може целосно да исчезнат. Без интеревенција, губењето на јазиците може трикратно да се зголеми, па месечно да се губи по еден јазик, велат авторите на студијата.

- Advertisement -

Тие советуваат да се носат наставни планови и програми го поддржуваат двојазично образование и поттикнуваат да се користат автохтоните јазици, како и регионално доминантните јазици.

Студијата ја спроведе Австралискиот национален универзитет, а е објавена во онлајн списанието Nature Ecology and Evolution. Истражувачите открија и некои неочекувани причини кои се закануваат по опстанокот на јазиците. Меѓу нив е и добро развиената патна мрежа. Тие утврдиле дека колку повеќе патишта ги поврзуваат руралните подрачја со урбаните, толку е поголем ризикот да изчезнат некои јазици.

- Advertisement -

Кога јазикот ќе се изгуби или „спие“, како што се вели за јазиците кои не се говорат, се губи културната разновидност затоа што секој јазик е брилијантен на свој начин, додаваат авторите.

Многу од јазиците за кои се претпоставува дека ќе ги снема до крајот на векот уште се во употреба. Значи, уште постојат шанси да се поддржат локалните заедници за да се ревитализираат автохтоните јазици и да се осигураат за идните генерации.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -