- Advertisement -
Министерството за здравство информира дека од страна на лабораторијата „Синлаб“ до Институтот за јавно здравје е доставен податок за детектиран еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26-годишен пациент од општина Зајас.
Според информациите, пациентот со коинфекција на Ковид-19 и инфлуенца А непосредно пред Нова година се вратил од САД и, според неговите кажувања, таму примил вакцина против Ковид-19, односно втора доза неколку дена пред да пристигне во државава.
- Advertisement -
Пациентот е упатен на домашно лекување бидејќи засега нема тешка клиничка слика.
(Denar.mk)
- Advertisement -