Израел ги објави првите резултати од четвртата доза на вакцината на Pfizer

- Advertisement -

Четвртата доза од вакцината на Pfizer против новиот корона вирус за пет пати го зголемила бројот на антитела кај пациентите, покажа најновата израелска студија. Израелскиот премиер смета дека новото вакцинирање ќе помогне да се покачи имунитетот и ќе продолжи да ги штити луѓето од КОВИД-19.

Четвртата доза од вакцината против КОВИД-19 многу веројатно ќе значи значително поголема заштита против заразата, хоспитализација и потешки симптоми, вели израелскиот премиер Нафтали Бенет и додава дека надлежните сега со поголема сигурност знаат дека довакцинирањето ќе биде безбедно за широка употреба.

- Advertisement -

„Знаеме дека една недела после примањето на четвртата доза гледма петкратно зголемување на нивото на антитела кај вакцинираните лица. Тоа очигледно ќе покаже значително поголемо ниво на заштита отколку без четвртата доза, паралелно и во корелација со заразата и ширењет на вирусот и ризикот од смрт“ порача Бенет.

Тестирањето почнало доцна в декември минатата година, а во него учествувале 150 вработени во болницата Sheba Medical Center, кои ја примиле и четвртата доза од вакцината на Pfizer. Истражувањето покажало дека нивото на антитела значително паднало после четири месеци од примањето на третата доза. Тоа иде во прилог на доказите за опаѓачкиот имунитет добиен со примањето на вакцините против КОВИД-19.

- Advertisement -

(RT)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -