Фармер од Турција купил очила за виртуелна реалност за своите крави за да произведуваат повеќе млеко и да бидат помалку вознемирени, пренесува „Футуризам“. Очилата за виртуелна реалност кои се врзани за главите на крави изгледаат прилично дистопично, но како што објави агенцијата „Анадолу“, се чини дека функционираат.
„Просечно добиваме 22 литри млеко дневно од кравите во нашата фарма“, вели фармерот Изет Кочак. „Просечно млекото на кравите кои носеа очила за виртуелна реалност беше до 27 литри“, додава тој.
Како што пишува „Сан“, фармерот кој претходно на своите 180 животни им пуштал класична музика, сега планира да купи уште десет очила за виртуелна реалност за неговите крави.
„Тие гледаат зелено пасиште и тоа им дава емотивен поттик. Помалку се под стрес“, додава Кочак.
Инаку Кочак бил инспириран од сличен проект во Русија.
Извор – Радио МОФ
Фото – принт скрин од видео на „Сан“