Научници развиваат вакцина која ќе штити од рак на кожа

- Advertisement -

Научници од Колеџот по фармација на Државниот универзитет на Орегон штотуку развија вакцина која може да помогне во заштитата од ракот на кожа предизвикан од зонцето, кој е најчестата форма на рак во САД.

Вакцината ќе има слична формула како вакцините против КОВИД-19 на Moderna и Pfizer.

- Advertisement -

„И покрај напорите да се подигне свеста на јавноста за предупредувачките знаци на меланома и опасностите од претераното изложување на радијацијата на сонцето, продолжува да расте бројот на случаи на меланома“ вели Аруп Индра, професор по фармацевтски науки на Универзитетот и лидер на студијата.

„Повеќе од 40 години истражувачите бараат начини да воведат антиоксиданси во исхраната кои ќе бидат евтини нискоризични агенти за превенција на ракот, но клиничките истражувања немаа добри резултати и во некои случаи дури беа штетни. Оттука и потребата за интервенција со нови агенти како што е mRNA вакцината“ додава тој.

- Advertisement -

Истражувањето е базирано на протеин во тиоредоксинг системот на антиоксиданси наречен TR1. Се верува дека овој протеин може да го спречи оксидативниот стрес на меланоцитите, односно клетките во кожата кои реагираат на радијацијата на сонцето.

Во студијата биле користени глувци. Истражувачите го отстраниле TR1 од нивните антиоксидативни системи со цел да проценат како протеинот влијае на заштитата на меланоцитите. Откриле дека без TR1 значително се намалува размножувањето на меланоцитите. Така, заклучиле дека TR1 директно влијае на меланоцитите, кои се одговорни за превенирање на ракот на кожата и дека ако направа вакцина која може да генерира повеќе TR1, може да штити од оштетувањето кое го предизвикува УВ зрачењето на сонцето.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека луѓето со поголем ризик од развој на рак на кожа би ја примале таа вакцина еднаш годишно за дополнителна заштита. Студијата е објавена во весникот Journal of Investigative Dermatology.

(Interesting Engineering)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -