Четиринаесетгодишна Французинка која била киндапирана и силувана од двајца мажи е спасена, откако полицијата преку ГПС системот поврзан со апликацијата „Снепчет“ ја пронашла локацијата на девојката.
„Индипендент“ пренесува дека девојката била намамена во стан од маж кој ѝ понудил престој, откако таа претходно избегала од дома. Настанот се случил во Марсеј, јужна Франција.
Тинејџерката изјавила дека била присилена да пуши канабис, а потоа двајца мажи, еден на 26, а другиот на 64 години, ја силувале.
Родителите на девојчето го пријавиле случајот во полиција, откако претходно таа објавила на „Инстаграм“ дека е киндапирана и тепана. Девојчето не знаело каде точно се наоѓа локацијата на станот.
Полицијата побарала од девојчето да ги вклучи локациите на „Снепчет“, по што успешно ја лоцирала адресата. Откако полицијата ја утврдила зградата, тие чукале на секоја врата, при што девојчето им пратило потврдна порака кога чукнале на вратата од станот каде таа била заробена.
При рацијата на станот, полицијата фатила на дело еден од мажите, кој панично ги бришел видео доказите од својот телефон.
Двајцата мажи се уапсени и обвинети за киндапирање и силување на малолетно лице. Тие изјавиле дека сексот бил согласен.
По апсењето, полицајка од Марсеј била пофалена за нејзиниот иновативен метод за пронаоѓање на девојчето.
„За успешно решавање на овој случај помогна „Снепчет“, но најголема заслуга ја има полицајката од Центарот за информации и команди, без која ништо од ова немаше да биде возможно“, изјавила Руди Мина, секретарката на полициската станица.
Извор – Радио МОФ