Кина има уште една недела да се подготви за Зимските олимписки игри, а земјата истовремено се бори со пандемијата на КОВИД-19, која преку варијантата омикрон повторно е актуелна во земјата.
За што е можно повеќе да го спречат ширењето на волеста, Кинезите повторно воведуваат необичен начин на тестирање на КОВИД-19 – преку анални брисови. Според кинеските медиуми, барем 27 луѓе во една зграда во Пекинг биле тестирани преку анални брисови откако една 26-годишна жена се заразила со корона вирусот, а утврдено било дека се заразила со омиркојн варијантата.
аналниот брис подразбира вметнување на стерилно стапче со 5 см во ректумот и ротирање неколку пати. Стапчето потоа се става во стерилна епрувета и се испраќа на тестирање. Ваквото тестираше се користеше во кина и во текот на првиот бран од пандемијата, а поинтензивно почна да се користи во 2021 година откако во Пекинг беше откриен нов случај на зараза.
Иако користењето анални брисови во светот се смета за контроверзно, кинеските доктори тврдат дека тоа е подобар начин на утврдување на заразата со корона вирусот затоа што трагите од инфекцијата подолго време се присутни во дигестивниот, отколку во респираторниот систем.
Засега не е познато дали учесниците на ЗОИ ќе мора да бидат тестирани со анален брис, но се знае дека Кина значително ги заостри мерките за самите олимписки игри. Така, не се дозволени посетители, односно гледачи надвор од Кина, нема да има билести во слободна продажба за натпреварите, а олимпискиот факел сепак ќе се носи низ улиците на Пекинг, но со строги мерки и издвојување на носителите на факелот од публиката со посебни огради.
Исто така, учесниците на ЗОИ ќе мора да инсталираат посебна апликација на своите телефони за да се следи нивното движење и здравствената состојба додека се во Пекинг. И тоа предизвика контроверзии затоа што канадски експерти за безбедност открија дека апликацијата баш и не е безбедна и може да ја загрози сигурноста на самите спортист и останатиот персонал. Организаторите на игрите, пак, тврдат дека апликацијата е безбедна и задолжителна за користење, а ќе биде активна само во текот на ЗОИ.
(Daily Mail)
(фото: Flickr)