Што навистина сакаат работниците на работа? Одговорот делумно зависи од тоа од каде се тие, според глобалното истражување на „Беин & Ко“.
Американците и Јапонците бараат добра плата и бенефиции, додека заработката е помалку важна за Французите, кои сакаат интересна работа. Бразилските и нигериските работници бараат можности за учење, додека оние во Индонезија го ценат добриот однос со соработниците.
Кинеските баратели на работа бараат компанија која ги инспирира, а Германците копнеат по сигурност на работното место. Податоците, собрани од 20.000 работници во 10 земји, доаѓаат во време кога Американците ги напуштаат своите работни места во рекорден број, а работодавците ширум светот се борат со пандемијата и последиците.
– Компаниите кои нема да ги научат „новите правила“ на пазарот на трудот би можеле да се соочат со заминување на вработените, колапс на корпоративната култура и изгубени можности, па затоа е поважно од кога било да се внимава што сакаат работниците – изјави партнерот на компанијата, Ендрју Шведел.
Тој исто така вели дека е импресивно да се видат различните потреби, желби и мотивации кај работниците.
– Мора да избегнуваме големи генерализации за тоа што сакаат работниците, помалку се работи за една големина што им одговара на сите. Луѓето сакаат повеќе од работата што ја работат, а не само високи плати – посочува тој.
Сепак, парите остануваат водечка мотивација за работниците во САД и повеќето други земји, според ова глобално истражување, кое исто така покажа дека повеќе од половина од сите работници сега ја преиспитуваат рамнотежата помеѓу работата и животот.
Имено, повеќе од 25 отсто од работниците во Америка ја промениле својата компанија во првата година од пандемијата, а повеќето биле вработени во малопродажба, производство и здравствена заштита.
Потсетуваме дека и генерацијата З има свои „посебни барања“, а за нив, на пример, платата е многу важна ставка, додека поволностите се на второ место.
Извор – Работник.мк
Фото – Pexels