Вештачки лист е 100 пати поефикасен во чистењето на CO2 од воздухот од другите решенија

- Advertisement -

Инженери од Универзитетот Илиноис во Чикаго направија вештачки лист кој може да исчисти 100 пати повеќе јаглерод диоксид од воздухот во споредба со другите слични системи. За разлика од таквите системи кои работат во лаборатории со чист јаглерод диоксид под притисок, вештачкиот лист работи во реална средина. Тој го лови јаглерод диоксидот од разредени извори како воздухот и издувните гасови на електраните на јаглен, а го ослободува за користење во форма на гориво и други материјали.

Нашиот систем за вештачки листови може да се примени надвор од лабораторија, каде што има потенцијал да игра битна улога во намалувањето на стакленичките гасови во атмосферата благодарение на високата стапка на ловење на јаглеродот по релативно ниска цена и со умерена потрошувачка на енергија“ вели Менеш Синг, доцент по хемиски инженеринг на Машинскиот факултет при Универзитетот Илиноис и еден од авторите на студијата која е објавена во научното списание Energy & Enviromental Science.

- Advertisement -

Користејќи претходно објавен теориски концепт, научниците го модифицирале стандардниот систем на вештачкиот лист со евтини материјали за да вклучат градиент на вода, односно сува и мокра страна, преку мембрана со електричен набој.

На сувата страна органски растворувач се врзува за јаглерод диоксидот за да се произведе концентрација на биокарбонат или сода бикарбона на мембраната. Како што се гради бикарбонатот, негативно наелектризирани јони се повлекуваат преку позитивно наелектризираната електрода во раствор на база на вода, на влажната страна на мембраната. Течниот раствор го раствара бикарбонатот назад во јаглерод диоксид, така што може да се ослободи и да се користи за гориво или за други примени. Електричниот набој во тој вештачки лист се користи за забрзување на преносот на бикарбонатот преку мембраната.

- Advertisement -

Тестирањето покажало дека има многу висок проток, односно стапка на ловење на јаглерод диоксидот во споредба со површината потребна за реакција. Тој проток изнесувал 3,3 милимоли на час на 4 квадратни сантиметри. Тоа е повеќе од 100 пати подобро во споредба со други системи.

(Technology Networks)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -