Германските возови до 2040 година преминуваат на биогориво

- Advertisement -

Германската железничка компанија Deutsche Bahn сака да ги отстрани диел горивата од своите возила и да ги замени со биогориво до 2040 година. Нивните дизел горива од оваа година постепено ќе преминуваат на алтернативни горива, изјави директорот на компанијата Ричард Луц.

Освен пренасочувањето кон 100% зелена енергија, постапното отстранување на дизелот до 2040 година е еден од нивните централни еколошки планови, додаде тој. Компанијата сака да се фоксуира на биогорива кои ќе се произведуваат од отпаден материјал за производството на гориво да не влијае на производството на храна.

- Advertisement -

Што се однесува на новите возила, од компанијата изјавија дека во иднина ќе купуваат единствено мотори на водород или електромотори со батерија. Подружницата на компанијата која се занимава со превоз на товар, DB Cargo, најави слични цели, вклучувајќи и локомотиви кои може да избираат помеѓу дизел и електричен погон, па затоа може да возат по електрифицирани пруги, но и таму каде што нема такви пруги.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -