Истражување: Од бојата на вашата облека зависи дали ќе ве касаат комарци или не

- Advertisement -

Ако некогаш ве испокасале комарци додека сте седеле до некој кого не го каснале ниту еднаш, можеби за тоа е виновна бојата на вашата облека. Нови експерименти покажаа дека одредени бои ги привлекуваат гладните комарци, додека други ги одбиваат. Ова ново откритие ќе се искористи за производство на нови средства за одбивање и ловење комарци.

Освен тоа што се навистина досадни кога седите надвор во природа, комарците пренесуваат болести како маларија, жолта треска или зика вирусот. Претходните истражувања покажаа дека комарците ги привлекува мирисот на јаглерод диоксидот од нашиот здив, а новата студија која ја спроведоа истражувачи од Универзитетот Вашингтон покажа како тој мирис ги поттикнува да почнат да бараат храна.

- Advertisement -

Тимот истражувачи спровел повеќе експерименти користејќи женски комарци од родот едес египти и ги следел нивните одговори на визуелни и олфакторни дразби. Тие тестирале како комарците реагираат на точки со различна боја, без или со спреј со СО2. Откриле дека комарците летаат до точките ако се со црвена, портокалова или сина боја откако прво го намирисале гасот СО2. Без гасот тие главно ги игнорирале точките без разлика на нивната боја.

„Изгледа дека комарците го користат мирисот за да дознаат дали нешто е блиску или далеку. Кога ќе намирисаат некои соединенија како што е СО2, мирисот ги стимулира очита да почнат да бараат одредени бои и други визуелни дразби кои ги асоцираат со потенцијална храна“ вели Џефри Рајфел, еден од авторите на студијата. S

- Advertisement -

Се прашувате зошто комарците се привлечени од портокалова и црвена боја? Тимот истражувачи вели дека човечката кожа, без оглед на расата, испраќа црвено-портокалов сигнал до очите на комарците. Во понатамошните тестирања истражувачите користеле карти со различна боја на кожа или гола рака и повторно докажале дека комарците летаат до нив само ако намирисаат СО2. Ако на раката имало зелена или сина ракавица, комарците ја игнорирале дури и ако претходно намирисале СО2.

На крајот тимот ги направил истите истражувања со комарци кои биле генетси модифицирани. Ако биле модифицирани гените кои се одговорни за мирисање на СО2 или за гледање бои на подолга бранова должина, комарците не реагирале на визуелните дразби.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека во иднина ќе истражуваат други фактори за привлекување комарци како што се секрецијата на кожата. Нивното истражување е објавено во весникот Nature Communications.

(New Atlas)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -