Шцајцарски Destinus SA сака да произведе хиперсоничен авион кој ќе се користи за брз и чист транпсорт. Имено, Destinus е чекор поблиску до реализацијата на тој сон откако собраа 29 милиони долари за финансирање на развојот на хиперсоничен авион кој како гориво ќе користи водород.
Автомоислаката индустрија полека преминува на поеколошки решенија за да се намали емисијата на стакленички гасови. Истото сега го прави и авионската индустрија, но таа транзиција нема да биде воопшто лесна. Досега се појавија авиони кои работат на батерии, но има доста проблеми со таа технологија, која уште е во развој, особено во поглед на издржливоста и транспортните капацитети.
Најголема предност од користењето вородод како гориво е тоа што нема емисија на јаглерод диоксид. Кога ќе се согори како гориво, водоророт произведува вода, која потоа мoже повторно да се претвори во гориво, а тоа е голема предност за транспортниот сектор.
Destinus сака да го искористи тој концепт и да го унапреди за хиперосничните авиони да можат да користат водород. Компанијата го замсилува авионот како хибрид меѓу авион и ракета. За хиперсоничните авиони не е потребна специјална инфраструктура затоа што може да користи постоечки аеродроми за полетување и слетување. Меѓутоа, кога ќе достигне одредена брзина, авионот ќе го активира својот криоген ракетен мотор, кој ќе му овозможи хиперсонична брзина и ќе го намали времето на патување меѓу континентите на само неколку часа.
Компанијата Destinus ја основаше Микаил Кокорич, бизнисмен со многу вештини во инженерството, технологијата и организацијата. За Destinus моментално работи тим од 50 инженери и менаџери, кои претходно работеле за компании како Arianespace, Boeing, Airbus, Dassault, Rolls-Royce итн. Планот е уште годинава да се зголеми бројот на вработени на 100 за унапредување на истражувањето и развојот.
(Klix.ba)
(фото: Twitter)