Агенцијата за односи со јавност и корпоративни комуникации, Елемент ПР, стана дел и партнер во глобалната ПР групација Конвој. Групацијата Конвој е единствената глобална агенциска група која е специјализирана за развивање комуникација во бизнис кон бизнис (В2В) релации, за односи со јавноста и маркетинг во технолошката индустрија.
Convoy Global PR Group е составена од избрани, независни и секторски специјализирани агенции од целиот свет кои ја споделуваат посветеноста на квалитетот и професионалноста во обезбедување глобални ПР кампањи, развиени од локални експерти и заеднички создадени кампањи со стручноста и професионалноста од повеќе региони, кои поттикнуваат раст и развој на бизнисите.
„Северна Македонија е пазар што многу брзо се развива во секоја индустрија и со тоа расте потребата на компаниите за поттикнување на растот преку употреба на експертски и професионално создадени комуникации на домашниот но и на меѓународните пазари“, вели Татјана Лопарски, извршен директор и основач на Елемент ПР. „Нашиот тим има капацитет да ги оживее локалните приказни и како резултат на тоа стануваме дел од група составена од искусни експерти во оваа, по многу нешта специфична комуникација и ќе соработуваме со нашите нови партнери за да им помогнеме на брендовите од повеќе индустрии да создадат влијателни регионални кампањи и да развијат меѓусебни релации“.
Со најновото проширување и приклучување на Елемент ПР, Конвој го продолжува трендот на рекорден раст постигнат во 2021 година и во оваа година.
„Партнерството со Елемент ПР означува уште еден чекор напред за Convoy Global PR Group и значително зајакнување на присуството на групата во регионот“, истакна Роб Етриџ, главен оперативен директор на RLYL и претседател на Конвој. „Многу глобални брендови активно го прошируваат своето присуство на странските пазари, така што познавањето на локалниот пазар од страна на Елемент ПР во комбинација со искуството и досегашните успеси со големите локални и глобални компании и брендови, несомнено ќе биде непроценливо за идните клиенти.“
Групата Конвој порасна за 20% во 2021 година, со ново акредитирани агенции кои ги покриваат Израел, Нов Зеланд, Латинска Америка, Литванија и ОАЕ. Групата Конвој сега вклучува 35 избрани партнери, кои покриваат шест континенти и повеќе од 70 земји – овозможувајќи им на клиентите пристап до преку 600 бизнис кон бизнис (В2В), ПР и консултантски услуги ширум светот.
Со седиште во Скопје, Елемент ПР е агенција за интегрирани комуникации со повеќе од 12 години искуство во секторот за односи со јавноста и корпоративните комуникации. Специјализирана е за односи со медиумите и кризна комуникација, и има работено со повеќе од 100 меѓународни и домашни брендови кои покриваат широк опсег на индустрии. Со своите услуги ги покрива и Албанија и Косово, со што го зајакнува присуството на своите клиенти и во делови од Западен Балкан.