Научници претворија микроорганизми во природен систем за чистење на загадувањето

- Advertisement -

Група аргентински научници искористија микроорганизми со потекло од Антарктикот за во недопрените пространства од белиот континент да се исчисти што повеќе загадување настанато од гориво или од пластика.

Претходните студии покажаа дека и микробите во копното и во океаните во светот еволуираат така што можат да јадат пластика. Од претходно се знае дека постојат микробни системи кои ја разградуваат пластиката, а честопати се наоѓаат во бактерии на депонии и слични места преполни со пластика. Со претходните истражувања скенирани се над 200 милиони гени пронајдени во ДНК примероци земени од околината и пронајдени се 30.000 различни ензими кои можат да разградуваат 10 различни видови пластика.

- Advertisement -

Аргентинските истражувачи искористиле минијатурни микроби кои јадат отпад, на тој начин креирајќи природен систем од загадување предизвикан од дизелот кој се користи како извор на електрична енергија и топлина за истражувачки бази на заледениот Антарктик. Тој континент е заштитен со протоколот од Мадрид од 1961 година, со кој е пропишано дека мора да се одржи во недопрена состојба.

Истражувањето за тоа на кој начин микробите може може да бидат од корист кога се работи за пластичниот отпад е материјал за проучување и на поголеми проблеми во околината. Во оваа нова студија се истражувал потенцијалот на домашните микроорганизми – бактерии и габи, кои настануваат во тлото на Антарктикот дури и кога е контаминирано, а тие микроорганизми јадат јаглехидрати, односнo нафтата, вели биохемичарот Лукас Руберто. Она што е за нас контаминат за нив може да биде храна.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -