Компанијата Meta, која е сопственик на Facebook, развива вештачка интелигенција со цел изработка на виртуелни светови преку говор и превод меѓу јазиците, објави вчера Марк Цукерберг
Тоје уверен дека мета универзумот, односно неговата футуристичка идеја за виртуелни светови во кои корисниците можат да работат, да се друѓат или да играат, ќе биде наследник на мобилниот интернет.
За мета универзумот, дигиталниот свет во кој се спојуваат физичката и виртуелната реалност, Цукерберг вели дека на многу начини е крајниот израз на социјалната технологија. А клучот кој ја отвора вратата кон напредок е вештачката интелигенција, рече Цукерберг.
Тој рече дека Meta работи на нова класа на AI која на луѓето ќе им овозможи да го опишат светот и да ги создадат неговите делови. Тоа го илутрираше со концептот на вештачка интелигенција Builder Bot, кој на корисниците им овозможува да опишат што сакаат да создаде вештачката интелигенција. Тоа го ислустрираше со приказ на аватар на остров кој со говор и наредува на вештачката интелигенција да создаде плажа и да додаде облаци, дрвја, па дури и делови за пикник.
Како што ќе напредува технологијата ќе можеме да креираме нијансирани светови за само со помош на гласот да истражуваме и да споделуваме искуства со останатите, објасни Цукерберг. Тој рече и дека Meta работи на егоцентрични податоци, кој вклучува гледање светови во прво лице, заедно со конзорциум од 13 универзитети и лабораторија.
(Zimo)
(фото: Pixabay)