Најголемиот хакерски колектив во светот Anonymous и објави сајбер војна на Русија

- Advertisement -

Хакерската група Anonymous и објави сајбер војна на владата на Владимир Путин после вчерашната масовна инвазија на Украина. Компјутерските експерти тоа го објавија вечравечер на нивниот профил на Twitter.

Околу 22 часот вечерта тие напишаа: „Колективот Anonymous официјално е во војна против руската влада“. Триесетина минути подоцна објавија дека ја собориле страницата на државната телевизија, која доста е критикувана поради своите ставови во врска со ситуацијата.

- Advertisement -

Утрово, како што пренесува Daily Mail, страницата се уште била недостапна. Оваа објава на сајбер војна значи дека Русија ќе биде цел на систематски хакерски напади во претстојните денови.

Пред инвазијата на Украина тамошната влада и банките беа таргетирани од масивен сајбер напад, за кој се верува дека го извршила Русија. Луѓето на социјалните медиуми ги поддржуваат хакерите од Anonymous во нивната објава на војна против Путин.

- Advertisement -

Не е познато кој се е член во Anonymous, но станува збор за доста голема група. Освен страницата на телевизијата RT, од сајбер напади беа погодени и веб страницата на руската влада, на Думата, на Министерството за одбрана.

Anonymous претходно имаат напаѓано и други таргети од типот на Кју Клукс Клан и исламските екстремисти. Членовите на групата се познати како „Анони“ (Anons) и се препознатливи по маските што ги носат – лицето на англискиот конспиратор Гидо Фокс.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -