По светската премиера на глобални иновации во Дубаи, праисторискиот MetaHuman човек кој навистина живеел пред 10.000 години во Лепенски Вир ќе биде претставен и пред домашната публика во Народниот Музеј во Белград следната недела.
Станува збор за иновативен проект на српски научници и иноватори кој е реализиран со поддршка на националната платформа “Србија создава“, а со кој за првпат се прикажува дигитално лице на праисториски човек од Лепенски вир со помош на Metahuman технологија, развиена во Србија.
Потрагата по информации за тоа како изгледале и живееле луѓето од праисторијата со децении биле во фокусот на научниците, а одговорот конечно го понуди група научници и иноватори од Србија на чело со професор д-р Софија Стефановиќ. На база на анализа на ископани коски најпрвин е направен реалистичен 3Д модел на черепот на праисторискиот човек, а потоа со помош на врвната metahuman технологија развиена од страна на српска гејминг компанија и Unreal Engine софтвер, праисторискиот човек виртуелно „оживеа“. Овој тим разви целосно револуционерен пристап во користење на податоцикои можат да се добијат со анализа на древните човекови скелетни остатоци и креираше дигитален биокинетички модел на лице.
Научничката Софија Стефановиќ, креативна амбасадорка на националната платформа “Србија создава“ го објаснува ова извонредно достигнување:
„Користевме нова технологија под името “Дигитални древни луѓе“ која комбинира низа различни методи за изработка на научно заснована остеобиографија на древните луѓе. Методите опфаќаат најсовремени протоколи за проучување на коските а тие податоци ги користевме да дојдеме до физичка реконструкција на лицето врз основа на коските од черепот. Следеше транспорт на реконструктираното лице до дигитален биокинетички модел кој ја симулира неговата гестикулација на лицето“, вели Стефановиќ.
Овој неверојатен спој на науката и гејминг индустријата ќе има влијание и во многу други гранки на креативните индустрии, пред се во продукција на видео содржини но и во образованието и музологијата. Со овој проект ја претставувате Србија во светот како модерна и иновативна земја. Многу сме благодарни на нашите креативни амбасадори кои не препознаа како доверлив партнер и со ова ја поставуваме Србија меѓу најиновативните земји во светот“, изјави Ана Илиќ, советничка на претседателката на Србија за креативни индустрии и туризам.
Овој проект доби големо медиумско внимание од цел свет, па така за MetaHuman досега известуваа CNN, Euronews, Sky news, The Gulf News, China Media Group TV, British Herald, Time Out и други.