Русија ја нападна најголемата нуклеарка во Eвропа

- Advertisement -

Како што напредува инвазијата на Русија во Украина, сега руските трупи ја нападнаа најголемата европска нуклеарна централа, Запорожја, која се наоѓа во Источна Украина.

Запорожја е најголемиот генератор на генератор на струја во Европа. Нуклеарката има шест реактори и снабдува 20% од потребите за струја на Украина.

- Advertisement -

Како што пренесе Reuters, после воздушните напади, кои предизвикале пожар во нуклеарката, пожарникарите не можеле да пристапат до објектот затоа што постојано имало истрели од оружје. Но, портпаролот на нуклеарната централа побарал да престане огнот за да може да се изгасне пожарот.

Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, ја повика Европа да види како Русија ја освојува нуклеарката. Минатата недела руските трупи ја окупираа и нуклеарката Чернобил.

- Advertisement -

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, на Twitter предупреди дека рускиот напад може да резултира со нуклеарна катастрофа 10 пати пострашна од Чернобил.

Украинските итни служби подоцна потврдија дека пожарот е згаснат без да биде нанесена штета на критичната инфраструткура. Нуклеарни аналитичари за Bloomberg исјвија дека украинските нуклеарни реактори не биле под сериозна закана од напади затоа што катастрофата во Фукушима биле надградени со метална и цементна заштита која може да издржи дури и срушување на авион врз нив, а ако има навистина голем напад, сензорите на реакторите ќе се исклучат.

- Advertisement -

American Nuclear Society потоа објави дека нивоата на радијација од нуклеарката биле нормални и дека насилната инвазија и бомбардирањето во моментот се поголема опасност за Украина отколку потенцијална нуклеарна катастрофа.

Според последните информации на Reuters, руските сили веќе зазеле контрола над нуклеарката и централата продолжила да функционира нормално.

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -